Џон Тери се врати во Челси

John Terry/Twitter

Легендарниот дефанзивец и поранешен капитен на Челси, Џон Тери објави дека се враќа во неговиот омилен клуб каде што ќе работи во младинските категории.

Тери последниот ангажман го имаше во Лестер каде што беше помошник на Дин Смит кој доби отказ, па со него си замина и Тери, а Лестер испадна од Премиер лигата. Последен пат Тери во Челси беше во 2022 голдина кога ја имаше улогата на консултант во младинската школа.

„Многу сум среќен што се враќам дома. Работата во академијата е голем и сериозен предизвик за мене. На овој начин ќе ја продолжам мојата неверојатна етапа во овој славен клуб и се надевам дека ќе придонесам за уште поголеми успеси на Челзи“, објави Тери.

Кога е играчката кариера во прашање, Тери е убедливо најуспешниот капитен во лондонскиот клуб. Челси за време неговиот период освои пет титули во Премиер лигата и еден трофеј во Лигата на шампионите. За Челси одигра над 500 натпревари и постигна 41 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот