Џолев: Сакам да верувам дека кандидатите за судии и обвинители и се квалитетни

Прво да се види кои од кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ и каде ќе бидат распределени во судовите и во обвинителствата, да почнат да работат, па потоа да ги коментираме нивните професионални можности, интегритетот и слично, вели претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев откога беа обелоденети имињата и семејните врски на дел од последната генерација што предизвика жестоки јавни критики.

– Прво да видиме кои од нив ќе бидат избрани за судии и обвинители и на кои позиции, да видиме како ќе работат и потоа, евентуално, може да коментираме. Тие кандидати, сепак, поминале низ одредени филтри и сакам да верувам дека се квалитетни – изјави Џолев.

Меѓу кандидатите се најдоа роднини на судии, обвинители, поранешни претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители но и на луѓе на високи функции од законодавната и од извршната власт, што според бројни коментари, може да се толкува како резултат на форсирање на кадри на роднински, партиски и секаков друг основ, а во иднина може да резултира со разни роднински и партиски влијанија, конфликт на интереси и слично. Во самите судови, каде веќе се чувствува голем недостиг на судии, се кон овие коментари пристапуваат со големи резерви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот