Џереми Ренер на Инстаграм: Скршив 30 коски во несреќата при чистење на снег

Џереми Ренер/Фото: Инстаграм

Џереми Ренер продолжува со закрепнувањето по несреќата што ја имаше пред неколку недели со машината за чистење снег на неговиот ранч во близина на езерото Тахо во Невада.

Познатиот актер направи уште една објава на социјалните мрежи. Поточно, тој објави фотографија на Инстаграм, на која се гледа како прави физикална терапија.

Всушност, како што самиот најави, во несреќата скршил повеќе од 30 коски и им се заблагодари на сите кои му упатија пораки за поддршка. „Овие 30 скршени коски ќе се поправат, ќе станат посилни, додека љубовта кон семејството и пријателите станува посилна. Љубов и благослов за сите вас“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

Џереми Ренер беше повреден додека чистеше снег и кога една од машините за чистење снег го прегази во неговиот дом на неговиот ранч помеѓу Рино и езерото Тахо. Неговата состојба се сметаше за исклучително тешка, додека тој беше хоспитализиран неколку дена на ИЦУ.

Според TМЗ, плугот за снег на актерот му ја згмечил едната нога. Соседот по професија лекар веднаш се упатил на местото на настанот и се обидел на лице место да му ја згрижи раната. Актерот од Марвел бил префрлен со хеликоптер во болница.

Како што се дозна во тие моменти, тој се здобил со тапа траума на градниот кош и ортопедски повреди и му биле извршени две операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот