Џенифер Анистон не се дружи со невакцинирани: Сметам дека се ослободив од неколку пријатели со причина
Актерката Џенифер Анистон неодамна признала дека престанала да се дружи со неколку луѓе со кои се гледала речиси секоја недела, поради нивниот однос кон вакцинацијата против ковид-19.
„Сè уште има голем број луѓе кои се против вакцина или едноставно не ги слушаат фактите. Навистина е срамота“, изјавила актерката за „InStyle“.
View this post on Instagram
„Само што изгубив неколку луѓе во мојата неделна рутина, кои одбиваа да се вакцинираат или не дознаа дали се вакцинирале или не“, додаде таа.
Актерката тврди дека секој има право на свое мислење, но дека многу мислења се базираат на страв или пропаганда.
View this post on Instagram
„Сметам дека е наша морална и професионална обврска да ги информираме другите луѓе ако сакаме да бидеме заштитени од коронавирусот тука е вакцината, затоа што не можеме сите да се тестираме секој ден“, истакнала актерката
View this post on Instagram
„Сметам дека се ослободив од неколку пријатели со причина“, изјави Анистон.
Од почетокот на пандемијата, Џенифер се залагаше за одржување дистанца и носење маски.