Џејдон Санчо се врати во Борусија Дортмунд

Фото: Borussia Dortmund

Џејдон Санчо повторно е фудбалер на Борусија Дортмунд каде што се враќа како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.

Санчо претходно дресот на Борусија Дортмунд го носеше од 2017. до 2021. година и во тој период прерасна во еден од најдобрите фудбалери во светот. Но, во Манчестер Јунајтед никогаш не успеа да ги исполни очекувањата, а тренерот Ерик Тен Хаг и целосно го отпиша.

„Кога влегов во соблекувалната на Дортмунд беше како да се вратив дома. Секогаш бев во контакт со луѓето во клубот. Со нетрпение чекам повторно да истрчам на терен, да асистирам и да постигнувам голови за Борусија“, изјави Санчо.

Англискиот фудбалер ќе го носи дресот со број десет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот