хју грант
хју грант - Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Џастис Смит откри нешто шокантно за Хју Грант: „Никогаш не го сакав актерството, сакав пари и слава“

Британскиот актер Џастис Смит (30) гостуваше во подкастот на ѕвездата од „Twin Peaks“, Кајл МекЛахлан, „What Are We Even Doing?“ и откри нешто што ги изненади обожавателите на Хју Грант (65).

Кајл ја праша младата ѕвезда како било да работи со Грант во филмот „Dungeons and Dragons: Honor Among Thieves“. Џастис откри дека одлично се сложувале.

„Го обожавав. Кога работевме заедно, еднаш го прашав: ‘Еј, сè уште го сакаш тоа што го правиш?’“ – рече Смит.

На тоа следело нешто што навистина го изненадило:

„Не, никогаш не го сакав. Почнав со актерство само поради пари и слава“ – му одговорил британскиот актер.

Смит додаде дека му се допаднала неговата искреност и дека Хју е навистина многу духовит. Сепак, таа изјава го заинтригирала, па ја прашал колешката Розамунд Пајк што мисли за тоа.

„Мислам дека навистина беше сериозен“ – рекла таа, а тогаш тој сфатил дека сепак е возможно некој да ја работи работата исклучиво за пари.

Кајл и Џастис се согласиле дека Хју е вистински перфекционист и дека многу се вложува во својот труд.

„Мислам дека е толку добар актер што навистина ме увери дека актерството го работи само поради пари“ – се насмеа младата ѕвезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот