Двоглав орел на претседателскиот печат на Трамп (ВИДЕО)

Член на конзервативна американска група доби отказ откако на студентски собир, на кој се обрати американскиот претседател Доналд Трамп, преку проектор емитуваше изменета верзија на претседателскиот печат, на кој наместо едноглав има двоглав орел, сличен како оној на руското знаме.

Би-Би-Си потсетува дека двоглав орел има и на знамињата на Србија, Албанија и Црна Гора, но оценува дека наведената верзија на печатот најверојатно се однесува на Русија, имајќи предвид дека мандатот на Трамп го одбележаа односите со Москва и претседателот Владимир Путин.

Тоа, меѓутоа не е единствена разлика во однос на оригиналната американска верзија – наместо орелот да држи 13 стрели, кои ги претставуваат 13 –те првобитни држави, во неговите канџи има палки за голф, омилениот спорт на Трамп.

Исто така наместо маслиново гранче, во десната канџа орелот држи пари.

Претставник на групата „Турнинг Поинт УСА” за „Вашингтон пост” изјави дека се работи за грешка која настанала поради забрзано пребарување преку интернет.

Инцидентот се случил кога американскиот претседател се качил на бината, откако било емитувано 12-минутно видео за патот на Трамп кон Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот