Двејн Вејд отворено призна дека неговото дете е трансродово лице (ВИДЕО)

НБА ѕвездата Двејн Вејд неодамна гостуваше во емисијата на легендарната Елен Деџенерис и откри за јавноста дека неговото 12-годишно дете е трансродово.

Всушност, таа е родена како момче по име Зион, но сака да ја викаат Заја и за неа да се зборува во женски род.

View this post on Instagram

Perfect Sunday ❤❤

A post shared by Gabrielle Union-Wade (@gabunion) on

„Заја, нашата 12-годишна ќерка, родена како момче по име Зион, еден ден дојде дома и рече дека сака да разговара со нас: Мислам дека сум спремна да ја живеам вистината. Сакам кога за мене зборувате и ги користите термините ‘таа’ и ‘нејзино’. Би сакала да ме виката Заја“, објасни Вејд.

Потоа тој додаде дека со неговата сопруга, актерката Габриел Унион, тие се двајца многу горди родители.

„Ја погледнав и ѝ реков дека е лидер. Ова е нашата можност да ѝ овозможиме да биде глас. Тоа се уште ќе биде преку нас, бидејќи има само 12 години, но со текот на времето сама ќе биде својот глас“, заклучил Двејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот