Фото: МИА

Двегодишно детенце се бори за живот на Ургентен, ноќеска го погодил метален фрагмент

Детето ноќеска било донесено во Ургентниот центар на скопските клиники, со огромно полициско присуство. Тоа е во тешка состојба и животот му е загрозен.

Двегодишно дете е во тешка состојба на Клинички центар Мајка Тереза откако во неговото тело завршил метален фрагмент од непознато потекло, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Детето, според информации на „Слободен печат“ кои ни ги дадоа дежурни доктори, ноќеска било донесено во Ургентниот центар на скопските клиники, со огромно полициско присуство. Детето е во тешка состојба и животот му е загрозен.

Тошковски информираше дека ноќеска на подрачјето на СВР Скопје се случило и едно убиство неповрзано со настанот со детето. Убиен бил турски државјанин. Седум луѓе се повредиле употребувајќи пиротехника. Едно лице се самоповредило со пушка во Битола.

Во изминатото деноноќие, забележани се 23 сообраќајни несреќи, од кои во две има тешко повредени луѓе. Уапсени се околу 50 луѓе, во најголем дел поради дрога и нарушување на јавниот ред и мир.

Грофот од Штип не може да се сети дека со нож ја убил сопствената мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот