Основен суд-Штип / Фото: Google Maps / Nitro Computers

Грофот од Штип не може да се сети дека со нож ја убил сопствената мајка

Иако тој самиот пријавил во полиција дека го извршил свирепото убиство, познатиот штипски угостител Стојанче Зарков-Грофот на судењето рече дека не се сеќава на ништо од кобната ноќ

Во Основниот суд во Штип денеска започна судењето на познатиот штипски угостител Стојанче Зарков, познат како Грофот, кој е обвинет за свирепо убиство на својата 84-годишна мајка.

Пред судскиот совет, обвинетиот тврдеше дека има целосен прекин во сеќавањето за кобната ноќ на 8 август, наведувајќи дека не се сеќава на настаните кои, според обвинението, довеле до смртта на неговата мајка.

Според обвинителниот предлог, Зарков околу два часот по полноќ со нож ја усмртил сопствената мајка во нивниот дом во Штип, а веднаш по извршувањето на делото самиот го пријавил случајот во полиција.

Јавната обвинителка Тања Кацарова во воведните зборови побара изрекување на најстрога затворска казна, оценувајќи дека станува збор за чин кој претставува длабока повреда на сите општествени и морални норми.

Наспроти ставот на обвинителството, адвокатот по службена должност Донче Стаменков побара ослободителна пресуда. Според него, доказите се контрадикторни, а кај обвинетиот не постоел мотив, ниту намера да го изврши кривичното дело.

Судскиот процес продолжува со изведување на докази и вештачења, кои треба да утврдат дали и под кои околности Стојанче Зарков ја убил својата мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот