Богојавление во Скопје/ Фото: Методи Здравев

Две момчиња завршија во болница откако скокнаа по крстот во Вардар

Две момчиња, кои скокнаа во реката Вардар за да го фатат крстот на денешното одбележување на празникот Водици во Скопје, завршија во болницата „8 Септември“ поради премрзнување. Едното момче имало 20, а другото 26 години. Според информациите од болнички извори, нивната состојба е стабилна, објави „Сител“.

За традиционалното фрлање на светиот крст во Вардар во Скопје годинава се пријавија 160 верници, од кои околу 140 влегоа во реката. Пливањето во надојдените води на Вардар не беше воопшто лесно, бидејќи студената и брза струја значително го отежна излегувањето на дел од учесниците на кејот, па на некои од нив им беше потребна помош од екипите на Црвениот крст.

Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар на централната манифестација во Скопје

Настанот собра илјадници граѓани, значително повеќе во споредба со минатата година, а преполни беа мостовите и кејот покрај реката.

Светиот крст годинава го извади 24-годишниот Дарко Митровиќ од Центар, кој најбргу доплива до него меѓу сите учесници што скокнаа во Вардар, по што беше награден со пригодни подароци.

ФОТО+ВИДЕО | Бог се јави, навистина се јави! – Скопје го одбележа Водици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот