Две момчиња убиени во близина на основно училиште во Србија

Српска полиција/ Фото: МИА

Во непосредна близина на локално основно училиште во центарот на српската населба Футог, ноќеска нешто по полноќ дошло до престрелка во која биле убиени две млади момчиња, јавија српските медиуми. Според српското МВР, едно од момчињата починало на самото место, а другото им подлегнало на повредите во болница.

Како што јавија српските медиуми, за убиствата се уапсени четворица осомничени на возраст од 21 до 26 години.

Неофицијалните информации на српските медиуми наведуваат дека пукањето започнало од автомобил во движење кон група млади момчиња кои стоеле во близина на основното училиште „Десанка Максимовиќ“. Наводно, се работи за судир на две групи млади момчиња кои се занимавале со продавање наркотици.

Како што пишуваат српските медиуми, осомничените биле приведени во нивните домови, а полицијата ги пронашла само во долна облека. На сите осомничени им е одреден притвор до 48 часа, а полицијата продолжува да работи на утврдување на сите околности на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот