Две и пол години затвор за момчето кое на пешачки ја прегази и усмрти Верица Белчовска

Верица Белчовска
Верица Белчовска / Фото: МИА

Апелациониот суд за тешката несреќа која се случи во Струмица во април годинава во која загина 20-годишната Верица Белчовска која беше прегазена на пешачки премин во центарот на Струмица, донесе одлука момчето што ја прегази и што го напушти местото на несреќата да добие казна затвор од две години и шест месеци.

Адвокатката на семејството на Верица вели дека за родителите тоа е неприфатливо ниска казна и дека тие не биле известени за одржувањето на јавната седница.

– Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живоот, рече адвокатката Сања Мирчов.

Семејството на Верица после нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи, тие рекоа дека со овој хуман чин нашле сили да продолжат напред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот