Двајца радовишани уапсени со лажни ПЦР тестови

ПЦР тест / Фото: Архива

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело фалсификување исправа.

На 29 минатиот месец, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле како вистинска лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.

Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.

Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. ​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот