Двајца кумановци ги прекршиле мерките против коронавирусот

МВР против нив поднесе кривична за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Вчера Јавното обвинителство од Куманово е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17 овој месец влегол во земјава преку меѓународниот аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.

При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово пред два дена не е пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

Вчера ОЈО од Куманово поднесена е кривична против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ.

Тој пред два дена како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на ул.„Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Влада на РСМ, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот