Двајца келнери од бифето во МВР заразени со Ковид-19

Од страна на стручните служби во МВР е остварен контакт со епидемиолози и во тек е преземање на понатамошни мерки.

Двајца келнери кои работат во бифето на МВР се заразени од Ковид 19. Тие ги опслужувале канцелариите на четврти кат каде се наоѓа кабинетот на заменик министерката во техничката влада Славјанка Петровска, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и дел од советниците на министерот Наќе Чулев.

„Од страна на стручните служби во МВР е остварен контакт со епидемиолози и во тек е преземање на понатамошни мерки. Дополнително, утрово од страна на министерот Чулев и дополнителниот заменик на министерот, Петровска е остварен контакт со претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски и со министерот за здравство, Филипче при што е побарано најитно да се направи епидемиолошка анкета на вработените“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот