Двајца тетовци пренесени во болница откако се превртеле со четирицикл на Церипашина

Возила на Итна медицинска помош / Фото: Архива на „Слободен печат“

Двајца тетовци се пренесени во болница откако со четирицикл „кавасаки“ се превртиле на Церипашина.

Вчера, во 15.30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во месноста Церипашина на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А. Х., а на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е. Х., изгубил контрола и се превртел. Во несреќата двајцата добиле повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош“, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот