Фото: Читателка на „Слободен печат“

Двајца луѓе загинаа во тешката несреќа на патот Прилеп-Градско, уште тројца се повредени

Попладнево околу 17 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско во близина на селото Радобил, а во неа загинале двајца луѓе, соопшти полицијата.

„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот“, стои во соопштението на МВР.

Магистралниот пат Прилеп-Градско беше пуштен во употреба летово, а во рок од еден месец, на него веќе имаше петмина загинати, главно на една „црна точка“, која надлежните уште во август најавија дека допрва ќе ја решаваат.

Мораше ли да згаснат пет животи? Властите допрва ќе реагираат за „црната точка“ на новиот пат Прилеп-Градско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот