Два натпревари од ЛШ во Будимпешта, а дербито е во Букурешт!

Фото: EPA-EFE/Ben Stansall/POOL

Како што информираат денеска од УЕФА, првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите помеѓу Атлетико Мадрид и Челси ќе се игра во Букурешт. Овој дуел ќе се одржи на 23 февруари со почеток од 21.00 часот.

Требаше да се игра на „Ванда Метрополитано“, но донесена е одлука Атлетико да биде „домаќин“ во романскиот главен град. Реваншот останува на „Стемфорд Бриџ“ на 17 март.

Одредбите на Владата на Англија, но исто така и на шпанската влада во врска со летовите од Англија со цел да се борат против вирусот ковид-19 им го отежнуваат патувањето на англиските тимови низ Европа.

УЕФА има свои правила, домаќинот на првиот натпревар мора да обезбеди „неутрален“ терен доколку гостинскиот тим не може да патува поради одредбите на нивната земја.

Уште еден меч од ЛШ ќе се игра на неутрален терен, односно првите 90 минути помеѓу Борусија Менхенгладбах и Манчестер сити ќе бидат во Будимпешта, Унгарија на 24 февруари од 21.00 часот.

Како што и се најавуваше од претходно на 16 февруари на „Пушкаш“ арената во Будимпешта ќе се игра и првиот меч помеѓу Лајпциг и Ливерпул (21.00 часот).

Потсетување како изгледаат осминафиналните двојки во ЛШ: Борусија Менхенгладбах-Манчестер сити, Лацио-Баерн Минхен, Атлетико Мадрид-Челси, Лајпциг-Ливерпул, Порто-Јувентус, Барселона-ПСЖ, Севиља-Борусија Дортмунд и Аталанта-Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот