Два месеци нема трага ниту глас од исчезнатата Марија Брзакова

Таа исчезна на 18 јануари годинава во утринските часови.

 

Два месеци трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари годинава во утринските часови, а десет денови по нејзиното исчезнување истрагата за неа ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Оттаму велат дека нема нови информации, а истрагата интензивно продолжува во содејство на ОЈО Струмица и полицијата. Ообвинителството разгледува повеќе можности на случајот-дали младата мајка навистина е исчезната, можноста од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и можноста од насилна смрт.

Неколку денови по нејзиното исчезнување стотина ловци и граѓани во координација со полицијата трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Монспитовското блато. Низ градот и населените места се уште стојат флаери со нејзини фотографии и со контакт броеви на кои што може да се обратат граѓаните. Тие се залепени по јавните површини, но и по излозите на продавниците.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари. Според информациите од блиските била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот