Два часа службена пауза за „ТНТ“

Почетокот на денешното судење за случајот „ТНТ“ кој се однесува за незаконското уривање на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски е одложено два часа.

Судијата Огнен Ставрев на вчера поставените адвокатите по службена должност денес им даде два часа за да извршат увид во предметот. На вчерашното рочиште судот по службена должност именуваше адвокати на четворица од обвинетите.

Судот вчера на адвокатите кој не дојдоа на судењето им одреди парични казни од по 2.000 евра, а адвокатите Мерџан Даути и Донче Наков, кои вчера беа казнети, не дојдоа ниту денеска.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово. За делото се обвинети повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот