Дувњак во „Утрински брифинг“: Судството е колатерална штета на политиката

Ја изгубија ли судиите трката со времето во обидот да пресудат и да донесат што повеќе пресуди особено каде што СЈО е од другата страна на обвинителството, разговараше новинарот Сашо Ордановски со најдобриот познавач на судството во Македонија, новинарката Гордана Дувњак, во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

-Судството ја имаа таа лоша судбина да сакајќи во еден период да им излезе во пресрет на сите барања на бранителите на обвинетите, некако избрзаа и не се пресметаа со она што може да им се случи. Од една страна разбирлива е желбата на бранителите по секоја цена да ги одложат судските процеси за да дојде до застарување, имам чувство дека добар дел од судиите беа мошне комотни, вели во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, новинарката Гордана Дувњак.

Кога го нема тоа чувство и потреба судскиот процес да добие една динамика и еден ритам, се случува она што сега се случува – од 18 судски процеси, само три да се ефективни и завршени, што само по себе и не е гаранција, имајќи предвид дека дел од тие случаи Апелација ги враќа од почеток.

-Моја проценка е дека судството е колатерална штета на политиката. Желбата на политиката да го контролира судството, како и медиумите е огромно и се уште постои. За жал ниту во судскиот совети, ниту во судските институции, на врвот не се најдобрите судии со интегритет и капацитет кои што можат да и кажат не на политиката- истакна во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, новинарката Гордана Дувњак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот