Дури 20 атлетичари добија забрана за настап во Токио

epa07902040 Bronze medalist Ese Brume of Nigeria celebrates after the women's Long jump final during the IAAF World Athletics Championships 2019 at the Khalifa Stadium in Doha, Qatar, 06 October 2019. EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Дури 20 атлетичари, од кои десет се од Нигерија добија забрана за настап на Олимписките игри во Токио бидејќи не ги задоволија стандардите на антидопинг контрола надвор на натпреварувања, објави единицата за интегритет на атлетиката (АИУ).

Сите 20 атлетичари доаѓаат од земјите кои АИУ ги става во „А категорија“, односно ги смета за „високоризични“ поради што нивните претставници мора да се тестираат на допинг по три пати во рок од три месеци и тоа пред секое големо натпреварување.
Најпогодена е Нигерија која остана без дури 10 атлетичари од вкупно 23 колку што требаше да настапат на Игрите во Токио.

Новинската агенција „Франс Прес“од добро известени извори дознава дека нигериската спринтерка Блесинг Окагбаре која е една од главните фаворитки на трката на 100 метри, не се наоѓа на списокот на дисквалификувани атлетичари и атлчетичарки и ќе може да настапи во Токио.

Нигериската атлетска федерација денеска го призна неуспехот и ја презема одговорноста за пропустите кои доведоа до дисквалификација на нивните атлетичари, но исто така додава дека сите нигериски атлетичари кои живеат и тренираат во САД ги извршија сите потребни тестирања и ќе настапат во Токио.
Останати земји чии алтетичари се дисквалификувани се Кенија (има двајца дисквалификувани атлетичари), Белорусија (3), Етиопија (1), Мароко (1) и Украина (3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот