Дука: Битката со невидливиот непријател ја добивме, но не и војната

Хекуран Дука

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука на денешната итна прес конференција по потврдата дека има новозаразено лице од Ковид-19 во општината, уште еднаш го повтори апелот за максимално почитување на препораките за заштита.

– Како што кажав и претходно, битката со невидливиот непријател ја добивме, но не и војната, што еве, за жал, се потврдува. Имаме нов случај на заразен во селото Долно Косоврасти, каде се земаат брисеви на најблиските на заразената жена, но сметам дека бројот на оние кои треба да се тестираат ќе биде поголем поради контактите кои ги имала со најблиските, но и со лица кои и доаѓале во посета и здравствени работници. Апелирам до граѓаните и до деловните субјекти строго да ги почитуваат препораките на надлежните, зашто само така ќе можеме да се заштитиме себе си и другите, нагласи Дука, кој раководи и со Општинскиот оперативен штаб.

Информира дека во домашна изолација ќе бидат сите лица со кои контактирала заразената пациентка, ќе се изврши дезинфенција на сите улици, верски и други објекти во селата Долно и Горно Косоврасти, а веќе е поставен и полициски пункт кој ќе го контролира секој влез и излез од оваа зона. На сите лица кои ќе влегуваат во Дебар ќе им се мери температура.

Апелираше до жителите на Долно и Горно Косоврасти без некоја неопходна потреба да не доаѓаат во градот и да определат едно лице кое ќе им ги заврши сите потребни работи во градот. Набавката на потребните прехранбени и медицински продукти може да се организира и во соработка со Општинскиот штаб и Црвениот крст.

Според Дука, доколку граѓаните не се придржуваат до препораките постои можност општината да ја зафати втор бран на епидемијата имајќи предвид дека е голема фреквенцијата на лица од другите градови кои доаѓаат во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот