Дујовски: Безбедноста е стабилна, но сајбер пропагандата и пенетрацијата на Русија ќе продолжи

Проф. д-р Никола Дујовски/Фото: Слободен печат

Денеска е свечен ден – 11 февруари денот, кога ние од наша страна ги завршуваме сите обврски по речиси три децении пат кон НАТО, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Никола Дујовски.

Не само ние, туку и сите држави во регионот градат стратегија како да се заштитат од новата појава на сајбер криминал. Додека успееме да најдеме одреден лек во делот на нападите од лажните вести, веднаш дошле нови. Очекувам дека ова ќе продолжи рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Никола Дујовски, универзитетски прфесор и декан на Факултетот за безбедност.

-Денеска е свечен ден – 11 февруари денот, кога ние од наша страна ги завршуваме сите обврски по речиси три децении пат кон НАТО. Протоколот е стандардна процедура при депонирањето на документите во Вашнгтон каде што се чувааат и основачките акти на НАТО- рече во „Утрински брифинг Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност.

Ратификацијата на договорот е цврст факт за континуитетот за влез во НАТО. Но постојат и изјави од типот дека ние кога ќе дојдеме на власт ќе размислуваме на промена на Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија – возможно ли е тоа во меѓународната генда и на каков начин?

-Не е возможно. Како прво членството во НАТО секогаш имало десеттина проценти поголема поддршка од она во ЕУ. Членството во НАТО подразбира запечатено прашање. Нашата безбедност е ставена под капата на најголемото безбедносно семејство. Било каква промена на Договорот од Преспа не доаѓа предвид. Тој е неменлив и има гаранции и клаузули да ниту една политичка партија не може да го замени. За мене е ова дневна политика. Едно зборувате кога сте во опозиција и се обидувате да привлечете гласачи, друго кога сте на власт. И тоа го прават сите политичари. И поранешниот премиер Заев зборувал едно пред да биде премиер. Мицкоски пак зборува друго. Јас ве уверувам дека доколку тој ја преземе владата нема да направи ниту едно поместување околу Преспанскиот Договор. Ги памтиме изјавите на Мицотакис, кој беше главен критичар на Преспанскиот догвоор, но еве сега тој е гарант дека истиот се спроведува- вели Дујовски.

Во меѓународното право постои најстарото правило дека договорите мора да се почитуваат.

Околу предлог законот за ЈО, Дујовски смета дека обвинителството и судството се на испит.

-Засега изостанува битката против криминалот иако се водат случаи. Но факт е дека не можете да обезбедите соодветно законско решение со оние кои се осомничени за криминал, а тие се уште се во позиција да преговараат за себе. Тие не преговараат за квалитетен закон. Засегнатите пратеници имаат личен интерес да се одолговлекува постапката. Партијата која сега е во опозиција има доволно пратеници да блокира клучни закони- вели Дујовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот