ДУИ прашува: Зошто три дена се молчи за штета од 6 милиони евра во МЕПСО?

ДУИ бара генералниот директор на МЕПСО, Бурим Латифи, да одговори на три прашања во врска со раскинувањето на договорот со фирмата „Енергоинвест“ од Сараево и склучување на нов со фирмата „Елнос БЛ“  од Бања Лука, за која, според партијата на Али Ахмети,  постојат сомнежи дека е поврзана со Милорад Додик

„Целосно неодговорна е континуираната тишина на Бурим Латифи, кој и по три дена не дал никакво објаснување пред јавноста во врска со штетата од околу шест милиони евра што ѝ ја нанел на државата“, велат од ДУИ.

Поради раскинувањето на договорот, како што тврдат од ДУИ изминатите три дена, арбитражен суд ги отфрлил сите контрабарања на МЕПСО од 19,3 милиони евра и му признал на „Енергоинвест“ од Сараево право на отштета од шест милиони евра, кои според интегративците ќе треба да бидат платени од државниот буџет, односно од џебот на граѓаните.

Според ДУИ, она што оваа одлука ја прави уште потешка е фактот дека Надзорниот одбор на МЕПСО дал негативно мислење за овој чекор.

„Неприфатливо е за вакво сериозно прашање, кое се однесува на управување со јавни средства и институционална одговорност, да отсуствуваат транспаретност и отчетност. Јавноста има право да знае зошто е раскинат договорот со првата комапнија и кои биле вистинските причини за таквата одлука“, се вели во денешното соопштение од ДУИ.

ДУИ смета дека генералниот директор на МЕПСО има директна обврска пред граѓаните да одговори на три прашања:

„Зошто е раскинат договорот со првата компанија? Врз која основа е склучен новиот договор со компанија поврзана со Милорад Додик? Како дошло до финансиска штета од милиони евра?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот