ДУИ одбележува 21 година од основањето со одделни настани на раководството и фракцијата

Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска во Скопје организира собир по повод одбележување 21 година од основањето. На настанот ќе присуствуваат лидерот на партијата, Али Ахмети и членови, додека фракцијата на партијата, Огнената група организираат посебен собир во Тетово.

Традиционалното одбележување на годишнината од основањето на партијата ќе се одржи во скопскиот хотел Александар Палас. За разлика од други години, овој пат се организира панел дебата насловена „Европски фронт“ на која ќе зборува лидерот на партијата Али Ахмети, а поканети да се обратат се и поранешната министерка Радмила Шекеринска, професорот Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, поранешната министерка и градоначалничка на ДУИ Теута Арифи и други.

По дебатата Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на традиционалниот пригоден коктел.

Огнената група, 21-годишнина на партијата ќе ја одбележат на одвоен настан кај Центарот за култура во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот