ДУИ на локалните избори ќе се натпреварува и во општините со македонско мнозинство?

принтскрин/фејсбук

Врз основа на резултатите од последните парламентарни избори од минатата година, кога ДУИ имаше значителен број гласови во општините со мнозиство од другите етнички групи, „интегративците“ ја разгледуваат идејата за настапување со свои кандидати во овие општини на претстојните локални избори во октомври, дознава „Слободен печат“ од партиски извори. За општините со албанско мнозинство не се исклучува и можноста за соработка со некоја партија. Засега нема конкретна одлука, но како идеја се дискутира.

Универзитетскиот професор Башким Селмани смета дека ова е добра идеја.

– Не само врз основа на добиените гласови, туку и поради вработувањата што ги има направено е многу веројатно на следните локални избори ДУИ да се трка и во општините каде Албанците не се мнозиство. СДСМ целосната политичка конкуренција и победата ги базираше на албанскиот електорат – нагласува Селмани за „Слободен печат“.

На парламентарните избори на 15 јули 2020 година, ДУИ имаше на своите листи кандидати за пратеници и Македонци, како што беше случајот со активистката Мери Николовска. Во нејзината пратеничка група во моментов ДУИ има еден член на турската заедница, Исмаил Јаоски, додека оад редовите на оваа партија е и градоначалникот на Пласница, Алија Јаоски, кој е припадник на турската заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот