ДУИ: Ахмети утре ќе соопшти голема вест

Али Ахмети Фото: Фејсбук Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),  Али Ахмети утре преку директен пренос на неговиот Фејсбук-профил ќе соопшти „голема вест“, се вели во соопштението од партијата. Информацијата ја сподели и вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но без прецизни информации за што ќе говори Ахмети.

Фото: Принтскрин, Артан Груби Фејсбук

„Ве известуваме дека утре (четврток, 22.02.2024) со почеток во 11:00 часот, Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук за да ја соопшти големата вест“ велат од ДУИ.

Најверојатно, во утрешното обраќање Ахмети ќе ја соопшти партиската одлука околу настапот на изборите.

Порталот МКД.мк денеска објави дека според високи партиски извори, градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари ќе биде кандидатот на ДУИ за претседател на Македонија.

Од албанската опозициска коалиција „Вреди“, пак, на денешната прес-конференција истакнаа дека ДУИ најверојатно ќе го предложи Бујар Османи за претседателски кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот