ДРЕВНА МИСТЕРИЈА која нема да биде решена: Овој народ е исчезнат, а тоа што го оставиле е во ГОЛЕМА ОПАСНОСТ (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Под средновековните рушевини на шкотскиот дворец Мекдаф се сместени уште постари чуда.

Станува збор за пештерски цртежи стари помеѓу 1.500 и 4.000 години, а археолозите уште не ги разбрале во потполност.

Пештерата Вемис крие древни прикази на животни и лов, но и веројатно првиот цртеж на шкотски брод. Археолозите и историчарите напорно работат за да го откријат значењето на овие мистериозни цртежи, но сега нови закани го стигаат ова осетливо подрачје. Кога во 1860 година биле откриени цртежите, имало повеќе од 50 распоредени во пет пештери.

Фото: Принтскрин

Од тогаш барем 25 цртежи исчезнале од човекова негрижа или пропаѓање.

Неколку цртежи биле уништени кога некој запалил автомобил во една пештера во 1986 година, а две пештери пропаднале во изминатите 150 години. Нивната важност е непроценлива за археолозите додека се трудат да ја разрешат мистеријата на народот Пикти.

Тие не ја бележеле својата историја, а сведочењата на другите народи, првенствено Римјаните кога ги освоиле британските острови, се покажале како премногу неверодостојни.

Пештерскиот систем Вемис е најстара и најголема колекција на симболи од Пиктите во светот. Што е скоро неверојатно е дека тие биле познати како одлични војници и единствена причина зошто Римјаните не ја покориле цела Британија.

Тие исчезнале некаде во 10 век од новата ера и оставиле ретки пештерски цртежи како доказ за своето постоење.

Сега мала група на волонтери пробува да го спаси пештерскиот систем. Тие сакаат да покажат колку е важен тој систем од историска перспектива со организирање на посети и различни едукациски работилници. Нови методи на скенирање, вклучувајќи и ласерски уреди, сега овозможуваат создавање на компјутерски модел од пештерата и брегот. Посетителите така би можеле виртуелно да ги посетат неверојатните пештери и нивните фасцинантни цртежи, а да не ги оштетат вредните слики.

Самите пештери и понатаму се во опасност од пропаѓање, но сите се надеваат дека токму овие нови методи на зачувување на артефактите ќе овозможи нивна прецизна анализа дури и кога природата ќе ги уништи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот