Џејсон Бигс и Џени Молен - Фото: Принткрин/Јутјуб/ Entertainment Tonight

Драстичното слабеење му го уништи бракот — ѕвездата на „Американска пита“, Џејсон Бигс, се разведува по 18 години

Шокантната разделба на актерот Џејсон Бигс, најпознат по улогата во култната комедија „Американска пита“, и неговата сопруга Џени Молен, наводно била предизвикана од неговото преголемо его по драстичното губење на тежината, тврдат извори блиски до двојката. Самодовербата на 48-годишниот актер, во комбинација со притисокот од неговото враќање на големата сцена, внела сериозен раздор во односите со сопругата, со која беше во брак цели 18 години, пишува „Еј-О-Ел“

Поради очигледното намалување на тежината, актерот неодамна поттикна гласини дека го користи популарниот лек „Оземпик“. Минатата недела тој официјално потврди дека неговиот брак е завршен, а инсајдерите тврдат дека физичката трансформација донела немир во нивниот дом.

„Џејсон дефинитивно се промени по слабеењето. Изгуби повеќе од 18 килограми и тоа нагло му го подигна егото. Најверојатно ни самиот не планираше да ослабе толку многу, но резултатот е очигледен и тој сега е горд на својот изглед, како и секој друг на негово место“, откриил извор за „Дејли мејл“.

Џејсон Бигс и Џени Молен – Фото: Принткрин/Јутјуб/Џејсон Бигс и Џени Молен – Фото: Принткрин/Јутјуб/ENews

Дополнителен притисок врз бракот донел и стресот од новите деловни ангажмани. Бигс минатата година го имаше своето режисерско деби, што за него претставувало исклучително тежок период поради силниот притисок по секоја цена да остане во центарот на вниманието во Холивуд.

Џејсон и Џени, кои ги имаат синовите Сид (12) и Лацио (8), се запознаа во 2008 година на снимањето на филмот „My Best Friend’s Girl“. Нивната романса се одвиваше толку брзо што се верија и стапија во брак по само четири месеци врска.

Во 2011 година, парот ги пополни насловните страници на таблоидите со една прилично бизарна приказна. Имено, Џени му изнајмила ескорт-девојка на својот сопруг како роденденски подарок, со која Бигс имал односи додека неговата сопруга лежела во креветот покрај нив, гледала и јадела чипс.

„Тоа беше подарок за роденден … бевме заедно само година-две и сакавме да направиме нешто лудо во Лас Вегас. Но, вистината е дека сè што можеше да тргне наопаку, тргна наопаку“, раскажа подоцна Бигс во едно интервју.

Блиски пријатели додаваат дека брачната терапија била единствената причина што ги одржала заедно во последните неколку години.

„Ако не одеа на советување, ќе се разделеа уште пред две-три години. Едноставно се оддалечија со текот на времето. Во приказната нема трета личност, туку нивната врска едноставно го помина својот рок“, заклучил изворот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот