Драмски текст „9“ од Гоце Ристовски: Крик за спас на индивидуата

Кон крајот на минатата година беше објавена книгата „9 (4 х 9)“ од Гоце Ристовски, во која е напечатен драмскиот текст „9“ на македонски, српски, бугарски и руски јазик. Праизведбата на оваа дуодрама се случила во 2016 година во Културниот центар во Нови Сад, во режија на Богдан Јанковиќ, со актерите Соња Лештар и Лазар Јованов. Во книгата се поместени и критички толкувања на драмата од проф. д-р Мимоза Раил, проф. Десислава Шпатова од Бугарија, од драматургот и писател Симон Грабовац и театарскиот критичар Игор Буриќ од Србија, како и од македонскиот театарски критичар Тодор Кузманов.

– Можеби ниту една друга театарска претстава во последните децении не го актуализира до таа мера и на таков прегнантен начин – барањето излез од кризната вредносна ситуација во која се најде човекот во современата цивилизација. Драмата на Ристовски е крик и пледоаје за спас на индивидуата, спас на нежното човечко чувство, спас на природата и природноста. Затоа и клучното прашање што го поставува Ристовски во оваа драма е: Како да се спаси човекот среде деветтиот круг на пеколот во кој самиот се најде? Ова исто прашање во историјата на естетиката своевремено го поставил и Херберт Рид, кој рече дека единствениот спас на човекот среде целиот хаос е во уметноста. Оттука, „Деветката“ на Ристовски го лоцира човекот во пеколот, но и дава спас на човекот од оваа тегобно-мрачна ситуација преку деветте музи на инспирацијата – меѓу другото истакнува проф. д-р Мимоза Раил.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 65, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-24 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот