Драматично спасување: Австралијка се заглави меѓу карпи, со главата надолу
Брзата помош на Нов Јужен Велс заврши драматично спасување, извлекувајќи жена која била заглавена наопаку меѓу карпите во долината Хантер.
Препорачано
Матилда Кембел го испуштила телефонот меѓу карпите додека се шетала со пријателите, а кога се обидела да го извади паднала и останала заробена, со главата надолу, само стапалата ѝ се гледале меѓу карпите.
Таму била седум часа, а специјалистите за спасување морале да ги отстранат со кран камењата тешки и до 500 килограми за да ја ослободат.
„Во моите 10 години како спасувач – болничар, никогаш не сум сретнал ваква работа, тоа беше предизвик, но неверојатно наградувачко“, рече Специјалистот за спасување на брзата помош во Нов Јужен Велс, Питер Вотс.
„Секоја агенција имаше своја улога и сите работевме неверојатно добро заедно за да постигнеме добар исход за пациентот“.
Кембел на крајот беше ослободена и имаше само мали гребнатини и модринки, но за жал нејзиниот телефон не преживеа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


