Драма во Русија: Дознал дека најдобриот другар ја силувал ќерка му, па го натерал сам да се закопа

Руска полиција/Фото: Profimedia

Убиството на Олег Свидиров од Русија доби една нова димензија, откако од страна на полицијата беа откриени ужасните мотиви и позадината на целиот настан.

Вјачеслав, го убил својот најдобар пријател Олег, откако дознал дека тој ја силувал неговата 8-годишна ќерка.

Според информациите, Вјачеслав го убил Олег откако открил видео материјал во неговиот телефон, на кој се гледа како Олег ја силува неговата ќерка. Вјачеслав и Олег пиеле заедно кога таткото го видел видеото во кое Олег ја злоставува неговата ќерка. Бидејќи тие биле пријатели долги години, Олег неколку пати го чувал детето на Вјачеслав, а неговата ќерка најверојатно секој пат била малтретирана, пренесува британски Сан.

Полицијата ја испрашувала и сопругата на Вјачеслав, која открила дека таа и нејзиниот сопруг му дале ултиматум на Олег да се предаде на полицијата до 8 часот навечер или да се самоубие. Сепак, подоцна истата вечер, Вјачеслав одлучил да се одмазди и му наредил на својот поранешен најдобар пријател да оди со него во локалната шума и со него да земе лопата.

За време на истрагата, гробот бил пронајден во шумата каде што Олег бил погребан, а тој бил прободен со нож во срцето. Полицијата потоа го уапси Вјачеслав и тој моментално е во домашен притвор, обвинет за извршување на тешко убиство.

Тој во полиција тврдел дека избила сериозна расправија меѓу нив во шумата, како и дека самиот Олег налетал на нож за време на расправијата. Новите детали за злосторството не оставија никого рамнодушен. Вјачеслав насилно го одвел Олег во шумата, го натерал да го ископа сопствениот гроб, а потоа го прободел со нож во срцето, а на крај го ставил неговото тело во гробот.

Во исто време, полицијата откри повеќе вознемирувачки снимки на телефонот, на кои се гледа како Свиридов злоставува уште најмалку три други деца. Извори блиски до случајот наведуваат дека во телефонот се пронајдени снимки на кои се гледа како Олег силува две девојчиња на возраст од 6 и 11 години.

Според снимките, може да се заклучи дека Олег ги злоупотребувал децата најмалку пет години пред Вјачеслав да ги најде снимките во неговиот телефон. Селаните, како и бројни руски државјани кои слушнале за случајот, бараат властите да го ослободат Вјачеслав и да не биде поднесено обвинение против него.

„Тој не е убиец, тој ги заштити своето и нашите деца“, рече еден селанец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот