ДРАМА ПРЕД СУД ВО БИХ: Судски полицаец си играл со пиштолот и случајно убил човек

Полиција на Босна и Херцеговина / Фото: Профимедиа

Судсскиот полицаец Младен Деуриќ уби денеска маж на влезот во судот во местото Власеница, во источна Босна.

Полицаецот веднаш е уапсен, а локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за несреќен случај. Полицаецот пукал во Мило Јевтиќ и му нанел смртоносна повреда од која по извесно време тој починал .

Тој влегувал во судот, каде требало да се одржи граѓанско рочиште. Според неофицијалните информации , полицаецот Деуриќ најверојатно си играл со пиштолот на влезот во судот и случајно испукал.

Куршумот поминал низ стаклото и завршил во Мило Јевтиќ (52), инаку  татко на три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот