Финалисти за наградата „Стале Попов“

ДПМ го објави списокот со дела што влегоа во финалниот круг за годишните награди за 2025 година

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ја информира јавноста дека анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на ДПМ за 2025 година ги избраа делата што влегуваат во најтесен избор.

Од осумте полуфиналисти (од вкупно седумнаесет пријавени дела) за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 година, поради израмнет број бодови на две дела за трето место, со одлука на УО на ДПМ во финалниот круг влегуваат четири наслови.

Финалисти се: „Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“); „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“); „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“); и „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“).

Од осумте полуфиналисти (од вкупно шеснаесет пријавени дела) за наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ, за најдобра поетска збирка објавена во 2025 г., во финалниот круг влегуваат три наслови.

Финалисти за наградата „Ацо Шопов“

Финалисти се: „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“); „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова („Или-или“); и „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ од Бранко Цветкоски („Макавеј“).

Од седуммината (од вкупно тринаесет пријавени дела) што се пласираа во полуфиналниот круг за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ, за најдобра книга за деца и млади објавена во 2025 г., во финале одат три наслови.

Финалисти за наградата „Ванчо Николески“

Финалисти се: „Тринаесеттиот“ од Лидија Димковска („Три“); „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети („Или-или“); и „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски („Арс Ламина“).

За наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2025 г. се пријавени четири дела, кои воедно се сметаат за финалисти: „Филмско око“ од Игор Анѓелков („Или-или“); „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“); „Враќањето на Орфеј“ од Сузана В. Спасовска („Полица“); и „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева („Сивејан“).

Кандидати за наградата „Димитар Митрев“

За наградата „Мост“ на ДПМ за 2025 г., за книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија, пријавени се следните три дела: „Embsuame Paskajore“ („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани („Академска мисла“); „Pronicanje tišine“ („Проникнување на тишината“) од Љерка Тот Наумова („Академска мисла“); и „Atdheu: burrë pa grua“ („Татковината: маж без жена“) од Каљош Челику („Сојуз на писатели Албанци на Македонија“).

Кандидати за наградата „Мост“

Во наредните неколку дена членовите на петте жири-комисии ќе се состанат и ќе ги изберат добитниците на наградите на ДПМ за 2025 г., кои ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи на 10 февруари. Како што е веќе традиција, врачувањето на наградите ќе се одржи на 13 февруари 2026, денот на кој ДПМ оваа година ќе одбележи 79 години од своето постоење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот