Дождот е добредојден, но претставува нова закана за исцрпената Австралија (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Во Викторија и понатаму горат над десетина пожари, но наредбите за евакуација поради огнената стигхија во планинските делови сега е укината.

Грмотевици и силенд дожд зафатија делови на источниот брег на Австралија, па поради појавените поплави се затворени некои од главните патишта, пренесуваат тамошните медиуми.

Истовремено во деловите на Австралија кои немаа врнежи подолг период, траат борбите со речиси 100 пожари во кои досега загинаа 29 лица, уништени се повеќе од 2.500 домови и изгорена е површина еднаква на големината на Германија.

Сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, кои најсилно беа погодени од сушата и големите пожари, сега се соочуваат со проблеми поради дождови и поплави.

Во Квинсленд се затворени патишта, како и многу паркови и туристички атракции, а некои станбени подрачја се поплавени.

Во делови на Нов Јужен Велс за време на олујна ноќ е прекинато снабдувањето со струја, а противпожарните служби на оваа сојузна држава соопштија дека силните дождови би можеле да стават под контрола дури 75 пожари, пренесува „Ројтерс“.

Во Викторија и понатаму горат над десетина пожари, но наредбите за евакуација поради огнената стигхија во планинските делови сега е укината.

Во оваа држава веќе имаше повеќе силни невремиња кои помогнаа во гасење на пожарите, но и создавање на густ чад, што би можело да влијае и на одржувањето на последното квалификациско коло на мечевите на тенискиот гренслем турнир Австралија Опен.

Новозеландските одбранбени сили соопштија дека во Австралија испраќаат нови засилувања, а поддршка е испратена и од Фиџи, Јапонија и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот