Доволно ли натрупавте залиха од тоалетна хартија? Овој „онлајн“ калкулатор ќе ви пресмета веднаш колку долго ќе ви трае!

Фото: Профимедиа

Ве мачи дали ќе имате доволно тоалетна хартија за време на домашната изолација? На вашата грижа одговара германската интернет страница која ќе пресмета колку ќе ви трае залихата. 

И врпчињата на гранка веќе знаат дека тоалетна хартија стана најбараната стока во времето на пандемијата на коронавирусот која ги принуди луѓето да останат во домовите на глобално ниво.

Интернет страницата Blitzrechner.de ќе ви помогне да се уверите дали имате доволно или не, тоалетна хартија, со клик на овој линк – ТУКА.

Сè што треба да направите е да внесете 1. со колку ролни тоалетна хартија располагате и 2. колку често одите во тоалет во текот на денот.

Понатаму, имате брз модел на одговор (многу едноставен, со горенаведените две прашања), но и детален модел на одговор за кој треба да внесете подедатлни информации, на пример, колку пати се бришете после нужда, колку листови ролна користите за бришење, колку членови на семејството брои вашиот дом и колку долго планирате да останете дома.

На пример, на лицето кое располага со 10 ролни тоалетна хартија и троши просечна количина на хартија три пати на ден, залихата би требала да му потрае околу 53 дена.

Во препораката пишува дека тоа е 39 дена подолго од препорачаната количина за 14-дневната самоизолација.

Инаку, доколку имате познавање од германскиот јазик, на оваа веб-страница може добро да се информирате на различни теми и да добиете одговори за различни ваши дилеми, од колку количина месо ви е потребно за еден оброк, до пресметување на датумот за раѓање на вашето дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот