Доста со лагите! Колку всушност треба да трае „секс акцијата“?

Кога луѓето зборуваат за сексот, често се фалат дека трае цела ноќ или барем со часови. Но, колку навистина би требало да трае?

Истражувањата покажуваат дека жените највеќе уживаат во секуалниот однос кој трае 20 минути до половина час.

„Не е важно колку долго трае односот, важно е колку двајцата партнери се задоволни со него”, вели психологот и сексолог доктор Беки Спелман.

„За многумина, сексот не е само задоволство, туку интимност и блискост, па односот кој кратко трае можеби им претставува компромис за тоа колку блискост чувствуваат кон партнерот. Доколку дјавцата се задоволни, не е важно колку долго трае сексот”.

Психологот истакнува дека некои луѓе имаат преголеми очекувања за сексуалниот живот, па затоа доживуваат и разочарувања.

„Секој има различни очекувања. Некои парови го сакаат тоа на брзање и тоа ги исполнува со задоволство, други можеби мислат дека односот кој трае кратко е неуспех. Најважно е отворено да разговарате еден со друг за вашите потреби, за на време да ги решите проблемите, доколку ги има”, вели Спелман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот