Дончиќ: Играв многу лошо, ја разочарав Словенија, веројатно не сум 100% подготвен

Лука Дончиќ ја имаше „најлошата“ партија против Полска на ЕП 2022/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Кошаркарската репрезентација на Полска го приреди најголемото изненадување од почетокот на Евробаскет 2022, откако во четвртфиналето го совлада бранителот на титулата, селекцијата на Словенија.

Тој меч ќе остане запаметен како најлошиот што го одигра Лука Дончиќ на ова ЕП, бидејќи истиот го заврши поради пет фаули, а претходно оствари учинок од 14 поени, 11 скока и седум асистенции, но имаше и шест загубени топки, како и слаб процент на шут (33 проценти од поле, 25% од линијата за слободни фрлања).

Во моментот кога заврши натпреварот, асот на Далас маверикс истрча кон судиите и не ги бираше зборовите додека им упатуваше пцовки и навреди.

Малку подоцна еден од најдобрите кошаркари во светот со малку поладна глава се појави пред новинарите на прес-конференција.

– Секоја чест за Полска, тие одиграа фантастичен натпревар од првата минута, ова е голем успех за нив. Што се однесува до нас, не влеговме во мечот како што сакавме, се вративме, но Полска продолжи да се бори и секоја им чест – рече Дончиќ.

Најдобриот словенечки репрезентативец чувствува дека ја разочара својата земја.

– Не ни знам, веројатно не сум 100% подготвен. Имав многу да дадам на ова првенство, го разочарав целиот тим, нацијата, но морам да се вратам и да бидам многу подобар. Играв многу лошо. Различно е во споредба со клубот, најубаво е да играш за Словенија, мислам дека сите се боревме, особено во второто полувреме. Тие порази болат, спортот е таков – вели Дончиќ.

Селекторот на Словенија, Александер Секулиќ по мечот изјави дека Дончиќ играше повреден и со болки, но сакаше да помогне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот