Најголемата сензација на Евробаскет: Полска ја елиминираше Словенија и се пласираше во полуфиналето

Полските кошаркари го елиминираа европскиот шампион Словенија/Берлин, Германија/14 септември 2022/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Кошаркарите на Полска ја приредија најголемата сензација на овогодинешниот Евробаскет, совладувајќи го во четврт-финалето актуелниот шампион Словенија со резултат 90:87. Полска за првпат од 1971 година е во полуфиналето на континенталните собири. На последниот Евробаскет во 2017 година го освои дури 18 место.

Полјаците одлично го започнаа мечот и ја добија првата четвртина со 26:29, а во втората целосно доминираа и на пауза заминаа со огромни 19 поени предност (39:58).

Во третата четвртина Словенците возвратија со иста мера, постигнаа 24 поени, а Полска само шест за само минимално 63:64.

Словенија направи пресврт, имаше и пет поени предност (73:68), но следуваше камбек на избраниците на селекторот Игор Миличиќ со серија од 16:3 што се покажа како клучно за крајниот епилог.

Првото име на натпреварот беше Матеуш Понитка со 26 поени, 15 скока и 10 асистенции. Го следеа Еј Џеј Слотер и Михал Соколовски со по 16. За Словенија Влатко Чанчар постигна 21, Горан Драгич 17, а Лука Дончиќ 14 поени и 11 скока.

Во полуфиналето Полјаците ќе играат против Франција, која претходно денеска по продолженијата беше подобра од Италија.

Европско првенство 2022

Полуфинале, двојки:

16 септември

Германија – Шпанија
Полска – Франција

18 септември

Натпревар за трето место
Финале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот