ЕП: Франција во полуфиналето, Италија остана без борба за медал

Франција по едно продолжение ја елиминираше Италија од ЕП/Берлин, Германија/14 септември 2022/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Репрезентацијата на Франција се пласираше во полуфиналето на Европското првенство откако по едно продолженијата ја совлада селекцијата на Италија со 93:85 во „Мерцедес Бенц Арената“ во Берлин.

Во петок во борба за пласман во финалето Франција ќе се сретне со подобриот од мечот Словенија – Полска кој на програмата е вечерва од 20.30 часот.

Во второто полуфинале на континенталниот собир силите ќе ги одмерат селекциите на Германија и Шпанија.

Ертел кај Французите беше најефикасен со 20 поени, плус запиша осум асистенции, додека Гобер имаше „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 14 скока.

Во поразениот тим Фонтекио и Спису (4/5 за три) постигнаа по 21 поен, следени од Датоме кој реализираше 12 коша. Италијанците последен пат во полуфиналната фаза беа на ЕП во 2003 година кога беа третопласирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот