Домашни апарати кои „голтаат“ струја дури и кога не работат: Со овие совети ќе ја намалите сметката
Поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и поради актуелната војна во Украина, цените на електроенергентите драматично растат во цела Европа, што најмногу се одразува на нивото на потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата.
Препорачано
А, најголеми потрошувачи на струја во домаќинството, се таканаречените „сезонски“ апарати кои буквално „голтаат“ енергија – шпорети, греалки и клима-апарати. Сепак, во потрошувачката на електричната енергија не се разликуваат многу и фрижидерот, замрзнувачот, бојлерот, но и ринглите и рерните.
Највисока потрошувачка на електрична енергија номинално постигнуваат „ждерачите на енергија“ кои директно ја претвораат електричната енергија во топлинска енергија, а во кои спаѓаат бојлерите, ТА печките, шпоретите, сите видови греалки, пегли, машини за сушење облека, фенови за коса…
Државите главно ја зголемија потрошувачката на горниот лимит на струјата за да ја олеснат кризата во домаќинствата. За максимално да се заштеди на потрошувачката на електрична енергија, постојат неколку трикови кои треба да се следат, а кои се поврзани со домашните апарати.
– Бидејќи фрижидерот и замрзнувачот мора постојано да бидат вклучени, не изненадува фактот дека преку 12 отсто од потрошувачката на струја во домаќинствата оди токму на овие два апарати. Бидејќи тие не можат да се исклучат, постојат начини да се обезбеди нивна непречена работа за да се плати само неопходниот миниум. Со редовно чистење однадвор и внатре загарантирана е добра работа на фрижидерот и замрзнувачот. Со исфрлање на намирниците на кои им истекол рокот ја намалувате силата која фрижидерот ја користи за да ги држи производите студени, додека со редовно надворешни чистење се спречува влегување на прашина во компресорот која може да ја отежни работата – изјавила Наталија Лаким, експертка за штедење пари.
Исто така, проверете дали неговата врата работи правилно и погрижете се да ги отстраните наслагите од мраз од фрижидерот и замрзнувачот. На овој начин, не само што ќе заштедите енергија, туку и ќе го продолжите животниот век на вашите апарати.
Телевизорот е апарат кој е најдолго време вклучен, иако поголем дел од времето никој не го ни гледа.
„Многумина погрешно претпоставуваат дека со исклучувањето преку далечинското го гасиме телевизорот во целост. Тоа не е секогаш случајот. Конзолите за игри често остануваат вклучени“, потсетува Наталија.
Експертите забележуваат дека електричните термоси за греење вода, разните блендери, често остануваат приклучени во струја по употребата, тие трошат околу 0,3 киловати секој час. Полначите за телефони не трошат многу енергија кога се вклучени, но може да бидат многу опасни.


