Доларот ослабе по две недели раст, инвеститорите бараат побезбедни засолништа

На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела, по две недели раст, бидејќи поради неизвесноста на светските финансиски пазари, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, ослабе за 0,2 проценти минатата недела, на 99,55 поени.

Во исто време, доларот падна за 0,25 проценти во однос на европската валута, па еврото се искачи на 1,1565 долари. Американската валута ослабе и во однос на јапонската, за 0,4 проценти, па цената на доларот падна на 153,40 јени. Неизвесноста владееше на светските берзи, па цените на акциите нагло паднаа, особено во технолошкиот сектор. Како резултат на тоа, инвеститорите бараат побезбедни засолништа за капиталот, како што се јапонскиот јен и швајцарскиот франк- пишува Пословни дневник.

Каматните стапки на овие валути се пониски отколку на доларот, но се сметаат за побезбедни во неизвесни времиња. Уште повеќе од почетокот на годината, доларот значително ослабе во однос на кошничка валути поради неизвесноста во врска со политиките и постапките на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот