Документи на ЦИА покажуваат: САД му помагале на Садам Хусеин во нападите со Иран

фото: Википедија

Во објавените документи се заклучува дека ЦИА тврдела дека Иран не може да дојде во посед на докази дека Ирак употребувал хемиско оружје, иако самата агенција имала такви докази.

Документи, кои неодамна ги објави американската разузнавачка агенција ЦИА, покажуваат дека САД му помагале на ирачкиот претседател Садам Хусеин додека го напаѓал Иран со боен отров во 1988 година, објави американскиот портал „Форин полиси“.

Според овој сајт, американската војска и разузнавачките служби знаеле за тоа и не направиле ништо за да ги спречат серијата напади со нервен гас. За време на војната со Иран во 1988 година, САД преку сателитски снимкии дошле до податоци дека Иран стратешки ќе напредува со тоа што ќе искористи дупка во ирачката одбрана, а американските разузнавачи на Ирачаните им откриле каде се распоредени иранските трупи, свесни дека силите на Хусеин ќе ги нападнат со хемиско оружје, вклучувајќи и со сарин.

„Форин полиси“ посочува дека Иран употребил сарин во четири напади на почетокот на 1988 година, а нападите биле осмислени врз основа на американските сателитски снимки и го принудија Иран да седне на преговарачката маса. Но, воедно тоа беа и последните во серијата напади со хемиско оружје кои траеја неколку години и за кои знаела администрацијата на тогашниот претседател Роналд Реган. Долго време, американските власти негираа дека го вртеле погледот од ирачките хемиски напади, тврдејќи дека Хусеин никогаш не најавил такво нешто.

Во објавените документи се заклучува дека ЦИА тврдела дека Иран не може да дојде во посед на докази дека Ирак употребувал хемиско оружје, иако самата агенција имала такви докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот