Документарен филм: „Господата од современа“ во селекцијата на „Хот докс“

Документарниот филм „Господата од современа“ во режија на Ана Алексовска, во продукција на „Лист“, е селектиран на овогодишното издание на „The Changing Face of Europe“, иницијатива на ЕФП (European Film Promotion) во соработка со канадскиот Интернационален фестивал на документарни филмови „Хот докс“ (Hot Docs).

– Документарецот „Господата од современа“ е дел од програмата составена од десет извонредни европски документарни филмови, кои нудат единствен и неконвенционален увид во реалноста на современиот европски живот. Филмовите ќе бидат претставени пред дистрибутерите преку учеството во „Док шоп“, „виртуелен“ маркет на „Хот докс“, кој нуди пристап до курирани листи на наслови на документарни филмови.

Авторите на 10-те избрани филмови се поканети да учествуваат и во новата програма за дигитална индустрија, а ќе добијат можност и да остварат средба со дистрибутери и селектори на филмски фестивали преку виртуелни индивидуални состаноци во организација на ЕФП, известија од Агенцијата за филм.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 27, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-20 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот