Докторка продавала лажни потврди и лекови против Ковид-19, осудена е на 20 години затвор

Вакцина /Фото: EPA-EFE/Ramon Espinosa / POOL

Жена од Калифорнија осудена поради продавање на лажни потврди за вакцинација и неефикасни таблети против Ковид-19. Таа вчера беше уапсена, а денеска беше осудена на 20 години затвор и 100 илјади долари казна, пренесува Њујорк Тајмс. 

Џули А. Мази, е хомеопат, која продавала таблети против Ковид-19 за 243 долари. Таа тврдела дека тие помагале на имунолошкиот систем и давале „доживотен имунитет против Ковид-19“. Мази докторирала на Универзитетот за природна медицина во Портланд, и се занимавала со хомеопатија долги години. 

Полицијата покренала истрага против Мази откако во април некој поднел жалба, велејќи дека негови роднини од Мази купиле таблети за имунитет и поради тоа тие не се вакцинирале. Лекарката им ги давала таблетите заедно со лажна потврда за примена вакцина „Модерна“. 

На полицијата сè уште не и е познато колку точно пари заработила Мази од продажбата на лажните лекови, и покрај тоа што властите соопштија дека лекарката од јануари 2020-та до мај 2021-ва на својата сметка примила 200 илјади долари. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот