Доктор Жарко Караџовски: Уште сум во болница, но има подобрување

Претседателот на Комисијата д-р Жарко Караџовски / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Претседателот на Комисијата за заштита на населението од заразни болести доктор Жарко Караџовски уште е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако и тој и сопругата добија позитивни резултати на коронавирусот.

Доктор Караџовски за „Слободен печат“ вели дека има подобрување на неговата здравствена состојба.

-Уште сме во болница, со подобрување, ни рече тој.

Веќе единаесетти ден трае болничкото лекување на лекарот кој е на чело на Комисијата за заразни болести, а неговото лекување немало потреба да вклучи кислородна терапија, туку лекарства.

Министерството за здравство на четврти јануари годинава информираше дека Караџовски немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од Институтот за јавно здравје ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот