Договорот од Преспа историски или не?

Грција и САД се загубија во преводот над Северна Македонија

Заедничката изјава потпишана во понеделникот (28 септември) меѓу САД и Грција, за време на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео, испрати збунувачки пораки за тоа дали Вашингтон и Атина сметаат дека договорот за промена на името во Северна Македонија (Договорот од Преспа) е историски или не, пишува денеска „Еуроактив“ .

Првичната изјава на САД и Грција [прикажана подолу] се однесуваше на „историскиот“ Договор од Преспа. Англиската верзија на изјавата беше веднаш објавена на веб-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, но грчката верзија воопшто не беше објавена.
Сепак, неколку часа подоцна, зборот „историски“ исчезна од заедничката изјава објавена на веб-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи и на американската амбасада во Атина.

Ниту една од страните досега не даде објаснување за оваа промена.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, неодамна се состана со неговиот грчки колега и се согласи на три меморандуми за разбирање како дел од договорот за промена на името.

Овие меморандуми треба да поминат низ грчкиот парламент и поранешниот грчки премиер и потписник на договорот од Преспа, Ципрас побара негова ратификација, со што се очекува голем број пратеници од Нова Демократија да бидат во незгодна позиција.

„Очекувам 158 извинувања“, им рече Ципрас на пратениците во понеделникот, осврнувајќи се на нивното претходно спротивставување на договорот за промена на името.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот