Додик: Путин е голем државник, а иднината на ЕУ лежи во она што го промовира Виктор Орбан

Фото: Кремљ

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик по враќањето во Босна и Херцеговина го пофали рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го голем државник и најави јакнење на односите со Москва.

Неделава Додик престојуваше во Белорусија каде се сретна со нејзиниот лидер Александар Лукашенко, па отпатува во Татарстан каде се сретна со Путин во момент кога е подложен на критики од Западот поради смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални кој умре во затвор под неразјаснети околности.

По враќањето во Бања Лука Додик средбите во Минск и во Казањ ги опиша како исклучително важни и корисни и за тоа што треба да се преземе „ако некој ја загрози Република Српска“.

Кажа дека е среќен што се сретнал со Путин и притоа од него доби орден наречен по Александар Невски, а рускиот лидер го опиша како еден од најважните лидери на современиот свет. ја пофали Русија поради тоа што нејзината економија е во подем и оцени дека нејзината воена индустрија „остварува импозантни резултати“.

„Позитивниот однос на Путин кон Република Српска се покажа и овој пат“, кажа Додик додавајќи дека е задоволен и од некои нешта „за кои сега не може да зборува“ и за кои повеќе ќе се дознае подоцна.

Објасни дека со Путин разговарал повеќе од еден час за состојбата во РС и Русија при што Москва, како што кажа, го цени противењето на воведување санкции како и на влегувањето на БиХ во НАТО. „Нè охрабри да продолжиме тоа да го правиме“, кажа Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот